Обама најавува вклучување на САД во сузбивање на еболата

Од:

Американскиот претседател Барак Обама утре ќе ги објави деталите од планот, со кој САД пошироко ќе се вклучат во сузбивањето на епидемијата на ебола во западна Африка, пишува весникот „Вол стрит журнал“.

Тој план подразбира поголем ангажман на американската војска, пишува весникот, повикувајќи се на добро упатени извори.

Еболата досега однесе над 2.400 човечки животи, најмногу во Либерија, како и во соседна Гвинеја и во Сиера Леоне, каде системот за здравствена заштита не можел да се избори со епидемијата.

Американската администрација за сузбивање на еболата веќе одвои околу сто милиони долари во форма на заштитна опрема за здравствените работници, храна и вода, како и за медицински и хигиенски средства.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Обама со гестови го исмејуваше Трамп: „Тој е опседнат со величината“

(ВИДЕО) Мишел и Барак Обама ја поддржаа Камала Харис: „Ни се враќа надежта“

Според Обама, Путин се однесува на нов „непромислен“ начин

А1он

Бајден и Обама ќе се обратат за успесите и новините околу законот за достапно здравство

А1он

Обама е заразен со коронавирус

Ана Ололовска

Обама и се заблагодари на Меркел што ја држеше ЕУ заедно

А1он