Групата Исламска држава брои меѓу 20.000 и 31.500 екстремистички борци во Ирак и Сирија, соопшти американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА).
– ЦИА врз основа на новите безбедносни извештаи од мај до август, проценува дека Исламската држава сега брои меѓу 20.000 и 31.500 борци низ Ирак и Сирија, соопшти портпаролот на Агенцијата, Рајан Трапани.
Ова покажува дека има зголемување на ангажираните милитанти од јуни годинава и дека зголемената мобилизација се совпаѓа со воените успеси на џихадистите и прогласувањето на „Исламски Калифат“, истакна портпаролот на ЦИА.