Американската компанија Епл на конференција во Флинт центарот во Купертино ги претстави АјФон 6 и АјФон 6 плус.
Двата уреди поседуваат нови Ретина ХД екрани со 4,7 инчи за АјФон 6 и 5,5 инчи големина за АјФон 6 плус.
АјФон 6 со дебелина од само 6,9 милиметри е најтенок уред произведен од Епл досега, додека АјФон 6 плус е со дебелина од 7,1 милиметар.
Новите телефони работат со нов чиш А8, што е втора генерација на 64-битниот А7 претставен со АјФон 5С. Оперативниот систем е иОС8.
Цената на АјФон 6 во САД почнува од 199 долари со дговор до 649 долари без договор, додека поголемиот АјФон 6 плус е 100 долари поскап.