Припадници на Исламска држава по освојување на аеродромот во Рага снимиле видео во кое што му се закануваат на рускиот претседател, Владимир Путин, пренесе „Вашингтон пост“.
-Ова е порака за тебе Владимир Путин. Ова е твојот авион, кој што му го испрати на Башар, но ние ќе ти го пратиме тебе. Ние ќе ја ослободиме Чеченија и цел Кавказ. Твојот трон е потресен и тој ќе падне кога ќе дојдеме по тебе, бидејќи Алах е на нашата страна-му порачаа џихадистите на Путин.
Путин неодамна нагласи дека руските вооружени сили со поддршка на нуклеарниот арсенал, се подготвени да се спротивстават на секаков вид агресија.
-Му благодарам на Господ, мислам дека никој не помислува да влезе во судир со Русија. Сакам да ве потсетам дека Русија е една од водечките нуклеарни сили-нагласи тогаш Путин.
Русија во моментов има 766.000 активни војници, додека резервниот состав брои 2.485.000 војници. Таа поседува најголема тенковска армада во која спаѓаат 15.500 возила.
Е. Г.