Изборната комисија на Мјанмар денеска соопшти дека делумните парламентарни избори, кои требаше да се одржат до крајот на годинава, ќе бидат откажани.
Со овие избори требаше да бидат пополнети 35 слободни места во Парламентот.
Претседателот на комисијата Тин Аје ја даде оваа неочекувана изјава по денешната средба со политичките партии во Јангон.
Во март изборната комисија објави дека оваа година ќе се одржат делумни избори, со цел да се пополнат пратеничките места, кои се слободни поради различни причини.
Општи парламентарни избори во Мјанмар треба редовно да се одржат следната година.