Сите добро знаеме дека ретко кога уметничките имиња на славните, соодветствуваат со вистинските имиња. Некои планетарно популарни јавни личности, за кои сте мислеле дека ги познавате – всушност ни името не им го знаете.
Не знаеме дали на Чак Норис му било срам од вистинското име Карлос Реј, па решил да го промени, но знаеме дека не е единствен.
Така проблематичниот Чарли Шин е всушност Карлос Ирвин Естевез, изгледа дека и него не му одговарало името Карлос.
Антонио Бандерас е Хозе Антонио Домингез Бандера, карате виртуозот Брус Ли е Ли Јуен Кам, а Боно Вокс е Пол Хевсон.
На Џенифер Анистон вистинското име и е Џенифер Лин Анастасакис, а Кети Пери – Кетрин Елизабет Хадсон.
Дали сте знаеле дека имињата на Тина Тарнер и Вупи Голберг не се вистинските. Тина Тарнер се викала Ени Ме Булок, а Вупи – Керин Џонсон.
Овој тренд на промена на имињата стар е колку и самиот шоу бизнис.