Од денеска во продажба се пуштени влезниците за македонското дерби во регионалната ракометна СЕХА лига меѓу Вардар и Металург.
Како што информираат од редовите на вице-првакот Вардар, кој ќе ја има улогата на домаќин, во продажба се пуштени 600 билети и тоа во продажните места на Југотон.
Цената на билетите е 120 денари.
Натпреварот Вардар – Металург ќе се игра во сабота (6 септември) од 20 часот и 15 во СЦ „Кале’’.