Колку и да звучи неверојатно, една студија направена од австралиските научници, покажала дека се повеќе се зголемува бројот на момчиња кои не сакаат многу да водат љубов.
Дванаесет проценти од мажите на возраст од 16-24 години одбрале нешто помалку заеднички активности во спалната соба, а 31% од нивните врсници сакаат да имаат секс секој ден.
„И покрај тоа што се уште се малцинство, сепак многу млади мажи, во своите најдобри години, не чувствуваат потреба за секс“ – истакна Џулиет Рихтер, професор по сексуалното здравје на Универзитетот во Нов Јужен Велс во Сиднеј, додавајќи дека причината за тоа веројатно лежи во фактот дека повеќе сакаат долги врски со своите девојки на кои им се верни.
Повозрасните мажи, кои се на возраст помеѓу 35 и 44 години, извлекле подобар просек и дури 57 % од нив признале дека се подготвени да имаат секс секој ден, а само 28 % од жените ја чувствувале таа потреба.
Половина од испитаните мажи на возраст меѓу 55 и 64 години сакале да водат љубов почесто, наспроти 27% од нивните врснички.