Македонија со тројца борачи на Светското првенство во Узбекистан

Од:

Тројца македонски борачи ќе учествуваат на Светското првенство во борење што од 8 до 14 септември ќе се одржи во Ташкент, Узбекисатн. Македонија ќе ја претставуваат Дејан Митров и двајца дебитанти Јасин Реџалари и Бобан Данов.

Најискусен од „тројката“ е Митров кој ќе настапи во категоријата до 65 килограми.

– Подготовките минаа добро, во Самоков имавме извонрдени услови за работа и тренинг, каде беа присутни и други селекции со кои спарингувавме. Се разбира кога конкуренцијата е голема и формата е на повисоко ниво. Јас сум задоволен и очекувам висок пласман, изјави Митров на денешната прес-конференција.

Во рамките на подготовките, селекторот Љуљзим Вранези имаше соработка со Русинот Николај Корниев, па со оптимизам ги очекува настапите на македонските борачи.

– Борачите се подготвени да го дадат својот максимум во борбите, а воедно се надевам и на поволна жрепка. Со помош на Македонскиот олимписки комитет имавме квалитетни подготовки во Бугарија. Верувам во моите избраниции дека можат да го продолжат континуитетот на успеси во овој трофеен спорт, изјави Вранези.

Реџалари ќе настапи во категоријата до 61 килограм,  додека Данов ќе се натпреварува во категоријата до 125 килограми.

Би можело да ве интересира

Промовирани монографијата и документарниот филм „Македонскиот сон – Ние сме светски шампиони“

Ана Ололовска

Промоција на монографија и документарец „Македонскиот сон: „Ние сме светски шампиони“ посветени на БК „Бучим- Јака“

Ана Ололовска

Утре во Струмица почнува 45. издание на боречкиот турнир „Македонски бисер“

Ана Ололовска

Македонските репрезентативци во граплинг четврти на турнир во Србија

Ана Ололовска

Љуљзим Вранези добитник на наградата „8. Септември“ за животно дело

Ана Ололовска

Велес ќе биде домаќин на Меѓународен турнир во мешани боречки спортови ММА

Ана Ололовска