Унгарската пливачка Катинка Хосу постави нов светски рекорд во дисциплината мешано на 100 метри.
На Светскиот куп во мали базени кој се одржува во Дубаи, Унгарката практично го подобри сопственото остварување од пред четири дена на митингот во Доха кога пливаче во време од 57,25 секунди.
Новиот светски рекорд на Хосу сега изнесува 56 секунди и 85 стотинки.
Ова е пети пат во последните седум дена Унгарката да постави ново најдобро време на светот, со што таа значително ќе го зголеми и своето парично конто, имајќи во предвид дека наградата за нов светски рекорд изнесува 10.000 долари.