Во првиот дерби натпревар од вториот натпреварувачки ден на Светското кошаркарско првенство во Шпанија, селекцијата на Хрватска ја победи Аргентина.
Во дуелот од 2.коло во Б групата, Хрватите речиси во текот на целиот натпревар ја имаа контролата над играта и на крајот заслужено стигнаа до втората победа на Мундобаскетот, совладувајќи ја Аргентина со 90:85.
Второто денешно дерби е во рамките на групата Б со почеток од 15 часот, а во него актуелниот европски првак, Франција ќе треба да се вади за вчерашниот пораз од Бразил и тоа во дуелот со Србија која вчера убедливо го совлада со 21 поен разлика.
Резултати и двојки за вториот ден:
2.коло – група А:
15:30 Србија – Франција
18:00 Бразил – Иран.
22:00 Шпанија – Египет
2.коло – група Б
Аргентина – Хрватска 90:85
17:30 Сенегал – Порто Рико
20:00 Филипини – Грција
2.коло – група Ц
Доминиканската Република – Нов Зеланд 76:63
16:00 Финска – Украина
21:30 Турција – С.А.Д.
2.коло – група Д
Кореја – Австралија 89:55
16:30 Словенија – Мексико
20:00 Литванија – Ангола