Словенија ќе го види новиот европски шампион

Од:

По славеничките две недели и обезбедувањето на титулата Европски шампион на ридски патеки во Категорија 1, сезоната продолжува за новиот македонски спортски херој, нашиот најдобар автомобилист, Игор Стефановски – Иџе. Овој викенд на програмата е претпоследната трка од календарот која се вози во Илирска Бистрица, во Словенија. Нашата екипа со шампионското Mitsubishi Lancer Evo IX веќе пристигна во Словенија и се подготвува за новиот настап.

Иако, Иџе нема потреба да ги вози последните две трки од календарот, во Словенија, а потоа и финалето во Бузет, Хрватска во септември, нашиот ас има поинакви математики:

– Патеката во Бузет ја познавам бидејќи имам настапувано на неа претходно. Со тоа, во овој момент, по изминати 10 трки од Европскиот шампионат, патеката во Илирска Бистрица ми е единствената која не сум ја возел и која не ја знам. Доколку и следната сезона останеме во истиот шампионат и ја браниме титулата, сакам да имам чиста ситуација и престава за сите патеки од календарот и добро да ги познавам спецификите на секоја од нив. Од тие причини се решивме да настапиме и во Словенија.

– Секако, конечно, за прв пат сезонава, патуваме релаксирани и без резултатски императив. Големиот товар веќе го тргнавме од нашите плеќи. Но, во Словенија сакаме да се претставиме во добро светло пред тамошната публика и сепак, освоената шампионска титула и досегашните резултати во текот на сезоната не обврзуваат на сериозен пристап  – вели Иџе.

Инаку, словенечкиот организатор испрати специјална покана за учество до Стефановски и максимално се ангажираше да го има новите шампион за 2014 година на својата трка. Секако, тоа е уште едно признание за европскиот ранг на нашиот прв европски шампион на четири тркала.

Инаку, конкуренцијата во групата Н во Словенија е бројна, освен Иџе, во неговата група има уште 14 пријавени возачи од Словенија, Чешка, Австрија и Италија. Севкупно се пријавени 142 натпреварувачи од кои 65 се во конкуренција за Европскиот шампионат.

Патеката во Илирска Бистрица е долга 5.010 метри, а ќе се возат две трки. Трката се вози од 1995 година, а за прв пат се најде во календарот за ЕП во 2007 година и се вбројува како најдобро организираната ридско – брзинска трка на екс-југословенските простори.

Би можело да ве интересира

Давидовски ја стартува петтата сезона во ТЦР Европа

Ана Ололовска

Седан верзијата на „Пасат“ заминува во историјата

А1он

На патеката кон Пониква се возеше втората трка од Државниот шампионат во автомобилизам

Ана Ололовска

Ристо Вуков Рико и Халк Осигурвање – пријателство кое продолжува и во 2021

Ана Ололовска

Давидовски: Подобри сме од лани, но нашата цел е повисока

Нашиот автомобилист Ристо Вуков – Рико ја вози првата трка од купот Порше Карера Италија

Жарко Настоски