Поранешниот англиски репрезентативец Рио Фердинад не ја крие својата желба еден ден да стане селектор на националниот фудбалски тим.
– Сите сонуваат да играат за Англија, а мојот сон е по завршувањето на играчката кариера да го преземам раководењето со репрезентацијата. Не очекувам дека веднаш ќе добијам шанса, меѓутоа ќе дадам се од себе да ја остварам оваа моја цел, изјавил Рио Фердинанд за англискиот весник „Дејли Меил’’.
Во изјавата Фердинанд ја критикуваше националната фудбалска асоцијација, ценејќи дека не им дава шанса на помладите при изборот на селектор.
-Јоаким Лев и Јурген Клинсман беа млади кога ја презедоа селекцијата на Германија. Погледнете ги Марко Ван Баскет, Жозе Мурињо, Пеп Гвардиола и Луис Енрике, тие не се стари, а веќе добија можност. Во оваа земја е поинаку, ние во некои работи заостануваме десетина години. Мораме да го правиме она што е најдобро за ангискиот фудбал, порача Фердинанд.
Тој минатата година се прости од репрезентативниот дрес на Англија, кој го носеше на 81 натпревар и постигна 3 гола.
Инаку, Фердинанд по 12 години минати во Манчестер Јунајтед летово мина во редовите на Квинс Парк Ренџерс, а во својата богата кариера настапуваше и за Лидс Јунајтед и Вест Хем.