Военопоморските сили на Мјанмар, минатата недела, во рибарски брод во крајбрежните води, во близина на границата со Тајланд, заплениле над два милиона таблети екстази, пренесоа американските медиуми.
Се смета дека ова е најголемиот фатен товар со стимулитивни таблети во историјата на земјата.
Уапсени се сите 15 лица, кои се наоѓале на бродот, и подоцна биле однесени на распит.
Според извештај на ОН, по завршувањето на полувековната управа на воениот режим Мјанмар стана најголемиот производител на синтетички наркотици во југоисточна Азија. Огромен дел од наркотиците се испраќаат во соседните земји од регионот.