Колку големи гради сакаат жените?

Од:

Жените кои пред зголемувањето на градите со импланти се обиделе да носат специјални „пробни“ полнети градници, обично се одлучуваат да стават многу поголеми силикони.

„Пред да ги имате, пробајте ги“ е идејајата што подразбира носење градници со кои се запознава чувството какви ќе бидат градите по операцијата.

Сепак, повеќето од жените по само неколку дена од носењето веќе се одлучуваат и тоа за многу поголеми гради од тие што ги имаат „пробано“.

Звучи неверојатно, но тие сакаат нивните гради да бидат дури 30% поголеми од тие што претходно ги посакале, што доведува до зголемување на побарувачката за силикони за гради кои ќе одговараат на големината на корпата Д.

Мерк Хенил, директор на клиниката „Еast Midlands Estetik “ во Нотингем оваа техника ја применил на 162 жени. Резултатите од своите интервенции тој ги презентираше на годишниот состанок на Британската асоцијација на естетски хирурзи.

Тој вели дека жените во почетокот избираат помали импланти затоа што не сакаат да личат на славните личности кои имаат премногу зголемени гради. Но, носењето на пробните градници им помага да добијат поголема самодоверба и сепак потоа се одлучуваат за поголеми.

„Жените се пресреќни по операцијата и мислат дека донеле вистинска одлука. Претходно, голем број од нив се враќаа на повторна операција за да ги добијат градите кои всушост ги сакале“, вели тој.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицаец јавно се посрамоти, имал секс со љубовницата во службениот автомобил

А1он

Истражувања: Германците имале подобар секс во време на пандемијата

Ана Ололовска

Веганите имаат двојно повеќе секс од месојадите

Ана Ололовска

В. Британија: Раст на продажбата на машки секс-кукли

Ана Ололовска

Бакнувањето и сексот како лек

Ана Ололовска

Порното е опасно по здравјето

Ана Ололовска