Светски рекорд за Британецот Пити на 50 метри градно

Од:

Британскиот пливач Адам Пити постави нов светски рекорд на 50 метри градно. Тој во полуфиналната трка на Европското првенство во Берлин исплива време – 26.62 секунди и за пет стотинки го собори рекордот на Камерон Ван дер Бург (Јужна Африка).

На 800 метри слободно во финалето кај мажите европски шампион стана Грегорио Палтриниери од Италија со време 7:44.98 минути. Второто место го освои Пал Јоенсен од Фарските острови, а трет беше Габриеле Дети од Италија. Ист редослед имаше и на трката на 1.500 метри.

Рике Педерсен од Данска го освои златниот медал на 200 метри градно со резултат – 2:19.84 минути. Среброто и припадна на Моли Реншоу од Велика Британија, а бронзата на Шпанката Џесика Вал Монтеро.

Златен медал за Данска освои и Жанете Отесен, која победи во трка на 100 метри пеперутка. Таа имаше само една стотинка подобро време од втората Сара Сјостром. Отесен постигна резултат – 56.51 секунда. Бронзата и припадна на Иларија Бјанки од Италија.

Во машката трка на 100 метри слободно триумфираше Французинот Фолран Манаду со време – 47.98 секунди. Неговиот сонародник Фабиен Жило беше втор, а Италијанецот Лука Леонарди беше трет.

Штафетата на Италија 4 пати 100 метри микс (мажи и жени) го освои првото место, пред Русија и Франција.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром организатор и домаќин на Националното првенство во пливање

Олимписки шампион заврши крвав поради љубовен триаголник

Светскиот шампион со фашистичка порака: Не знаев што значи

Предраг Петровиќ

Најдобриот пливач на денешницата го напушти Светското првенство во Будимпешта

А1он

Канаѓанката Мекнил го собори рекордот на 50 метри грбно во мали базени

А1он

Пливачката Миа Блажевска Еминова обезбеди норма за настап на Олимпијадата во Токио

Ана Ололовска