Граѓанската иницијатива „Изгор – приватизација“ протестираше пред зградата на ЕВН, поради продажбата на ЕСМ од страна на минатата влада, поради што „сега се плаќале изгор цени“. Меѓутоа, голем дел од тие што излегоа на протестите, не знааеа кој и зошто протестира, па дури некои од нив мислеа дека се протестира против државата.
Од граѓанската иницијатива ја повикаа претходната влада што ја продаде ЕСМ да излезе да одговори за колку го продале овој стратешки капацитет и дали тогаш било договорено поскапување на струјата.
Тие испратија порака до ЕВН да побара од Регулаторната комисија намалување на цената на струјата и да се откаже од поовластените позиции, кои на австриските газди им ги нуди договорот за продажба на ЕСМ, направен во 2006-та година.