Четвртиот натпреварувачки ден на Европското првенство во пливање во Берлин мина во знакот на унгарската пливачка Катинка Хозу, која освои два златни медала, а вкупно трето на шампионатот.
Хозу победи на 200 метри мешано со рекорд на шампионатите – 2:08.11 минути. Среброто го освои Еми Вилмот од Велика Британија, а бронзата и припадна на Лиса Цајцер од Австрија.
Во трката на 100 метри грбно беа доделени два златни медала. Унгарката Хозу и Данката Мие Ниелсен имаа исто време – 59.63 секунди, додека бронзата и припадна на Британката Џорџија Дејвис.
Во трката на 800 метри слободно кај жените европска шампионка стана Британката Јасмин Карлин со време 8:15.54 минути што е нов рекорд на европските првенства. Второто место го освои Миреиа Белмонте Гарсија од Шпанија, а трета на целта стигна Богларка Капаш од Унгарија.
Германецот Марко Кох победи во трката на 200 метри градно кај мажите. Тој патеката ја исплива со време – 2:07.47 минути (нов рекорд на првенствата). Второто место го освои Рос Мурдох од Велика Британија, а трет беше Литванецот Гиедриус Титенис.
Данецот Виктор Бромер победи на 200 метри пеперутка со време 1:55.29, пред Бенце Бизо од Унгарија и Павел Коржениовски од Полска.
На 50 метри грбно кај мажите победи Русинот Владимир Морозов со време 24.64 секунди, а со 20 стотинки заостанување второто место го освои Жереми Стравиус од Франција. Битанецот Кристоф Вокер го освои третото место.
Женската штафета на Италија победи во трката 4 х 200 метри слободно, пред составите на Шведска и на Унгарија.