Австралиецот Сирил Балдок (70) стана најстарата личност која го препрливала Ла Манш.
Тргнувајќи од Довер во Англија, На Балдок му биле потребни 12 часа и 45 минути да стигне на францускиот брег, оддалечен 34 километри.
– Ќе испијам неколку пива, само од медицински причини, заради спиење, се пошегува по доаѓањето во Франција.
Со 70 години и девет месеци го надмина претходниот рекорд кој од 2011 година го држеше Британецот Роџер Олсоп, кој беше пет месеци помлад во времето кога го преплива Ла Манш.
Но можно е дека Балдок нема долго време да го држи рекородт, со оглед дека 73-годишната Австралијка Ирене Кил се подготвува на истата авантура наредната година.