Палтриниери европски шампион со европски рекорд

Од:

На Европското првенство во пливање што се одржува во Берлин денеска се одржаа пет финални дисциплини, а највреден резултат беше постигнат во трката на 1.500 метри кај мажите.

Европски шампион со време на нов европски рекорд стана Џорџио Палтриниери од Италија. Тој ја исплива патеката долга 1.500 метри со време – 14:39.93 минути. Второпласиран е Пал Јоенсен од Фарските острови, а трет е Габриеле Дети од Италија. Палтриниери го собори шест години стариот рекорд на Русинот Јури Прилуков.

Српскиот пливач Велимир Стјепановиќ го освои вториот златен медал на шампионатот во Берлин откако беше најбрз во трката на 200 метри слободно. Тој постигна време – 1:45.78 минута. Стјепановиќ пред два дена победи и на 400 метри. На втората и третата позиција се пласираа фаворитите Пол Бидерман од Германија и Јаник Ањел од Франција. Светскиот рекордер Бидерман имаше заостанување од само две стотинки.

Рике Педерсен од Данска со нов рекорд на европските првенства го освои златниот медал во дисциплината 100 метри градно. Таа исплива време – 1:06.23 минута. Среброто и припадна на Џени Јохансон од Шведска, а бронзата ја освои Ариана Кастилиони од Италија.

Нов рекорд на шампионатите постигна и шведската пливачка Сара Сјостром која победи во трката на 100 метри слободно со време 52.67 секунди. Втора стигна Фемке Хемскрек од Холандија, а трета е Мишел Колмен од Шведска.

Унгарецот Ласо Чех ја потврди својата доминација во трката на 200 метри мешано освојувајќи уште еден златен медал. Тој имаше време – 1:58.10 минута и за седум стотинки беше побрз од Германецот Филип Хајнц, а трет заврши Роберто Павони од Велика Британија.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром организатор и домаќин на Националното првенство во пливање

Олимписки шампион заврши крвав поради љубовен триаголник

Светскиот шампион со фашистичка порака: Не знаев што значи

Предраг Петровиќ

Најдобриот пливач на денешницата го напушти Светското првенство во Будимпешта

А1он

Канаѓанката Мекнил го собори рекордот на 50 метри грбно во мали базени

А1он

Пливачката Миа Блажевска Еминова обезбеди норма за настап на Олимпијадата во Токио

Ана Ололовска