Легендарниот Дик Бавета ја прекина судиската кариерата на 74-годишна возраст, откако во текот на 39 години ја делеше правдата во вкупно 2.635 средби, од кои 270 се во плејоф фазата, а 27 во сериите за титулата.
Неговото деби беше на 2 декември 1975 година, а во 1992 година доби покана за Олимпијадата во Барселона. Тогаш ѕвездите на НБА за прв пат добија право да учествуваат на Олимписките игри.
“Лигата е многу благодарна за неговиот придонес и сите му посакуваме се најдобро додека ужива во заслужениот одмор”, изјави претседателот на НБА, Род Торн.