Отпадоци, чкртаници, искршени клупи, оштетени спомен плочи нсо имињата на погинатите борци од НОВ, празни, запустени простории – вака денес изгледа едно од обележјата на градот Кавадарци – монументалниот комплекс изграден како споменик на загнатите борци против фашизмот.
Спомен костурницата во Кавадарци преставува монументален споменик кој симболизира стара македонска куќа и е вечен дом на паднатите борци.
Во неа се сместени посмртните остатоци на загинатите борци од Кавадарци, жртви на фашистичкиот терор од НОВ во периодот од 1941-1945 година, кои се наоѓале во непосредна близина на Кавадарци. Објектот се наоѓа на надморска височина од 305 метри и од таму се гледа панорамата на Кавадарци и на Тиквешијата.
Во нејзината внатрешност на гранитни плочи се испишани нивните имињата. Спомен костурницата е изработена од бетон. Откриена е на 7 септември 1976 година.
Таа е дело на архитекто Петар Муличковски, кој е автор и на зградата на владата во Скопје, а која сега е претворена во барокна зграда како дел на проектот Скопје 2014.
А.Б.