Јапонската компанија „Сони“ го претстави новиот Алфа 5100, што е најмалиот фотоапарат во светот со променлив објектив и АПС-Ц сензор со вграден флеш и ви-фи опција.
Новиот Сони уред е опремен со хибриден автофокус со 179 полиња со фазна детекција, што се погодни за замрзнување на брзи движења и прецизно фокусирање на кадрите, како и Ексмор ЦМОС сензор и Бионз Х процесор.
Екранот на Сони Алфа 5100 може да се движи за 180 степени, така што е апаратот е одличен за правење селфи фотографии. Фотоапаратот може да се поврзе со НФЦ или преку ви-фи опција.