ФОТО: Украина – смртоносна стапица за новинари

Од:

Убиени, киднапирани, измачувани – ова е честа судбина на новинарите кои известуваат за граѓанската војна во источна Украина. Тоа е и причината што овој регион е наречен “стапица за новинари” од страна на претставник на организацијата „Хјуман рајтс воч“ во Русија. Од почетокот на годината, дури шестмина новинари се убиени во оваа криза

ubieni-novinari-ukraina (2)

Многу е поголем бројот на новинари кои биле киднапирани, испрашувани, па дури и измачувани, фатени во вкрстен оган во борбите меѓу украинската армија и милицијата на југоисточна Украина.

Игор Корнелјук и Антон Волошин работеа за руска телевизија. На 17 јуни, Корнелјук, дописник за „Вести“ и Волошин, видео инженер, беа убиени за време на бомбардирањето на селата Металист и Мирноје во близина на Луганск.

Тие беа првите руски новинари што ги загубија животите додека беа на службената должност во Украина, в државниот удар во Киев и на почетокот на граѓанските немири во источните региони.

ubieni-novinari-ukraina (1)

На 30 јуни, рускиот камерман Анатолиј Kлијан, беше убиен од страна на агенциите за спроведување на законот во источниот град Донецк. Клијан, заедно со неколку други новинари, се качиле во автобус полн со жени – најчесто мајки – кои патувале во воената база во Донецк да бараат распуштање на воена единица каде што нивните синови биле регрутирани. Автобусот бил гранатиран, тој бил ранет во стомакот и починал на пат кон болница.

ubieni-novinari-ukraina (4)

На 25 мај, италијански новинар Андреа Рочели беше смртно погоден заедно со неговиот преведувач, Андреј Миронов, од минофрлачки оган во близина на селото Андреевка, неколку километри од градот Славјанск.

ubieni-novinari-ukraina (6)

Киднапирани и измачувани биле новинарите Симон Островски, американски новинар, Антон Скиба, новинар од Украина, руските новинари Евгениј Давидов, Никита Конашенков, на кои им се заканиле со смрт, потоа Марат Саиченко, Андреј Сушенко и уште петмина други руски новинари.

ubieni-novinari-ukraina (3)

Комитетот за заштита на новинарите (Committee to Protect Journalists ), со седиште во САД, организација која се занимава со слободата на печатот и заштитата на новинарите од прогон, денеска излезе со осуда за условите со слободата на печатот во Украина, особено во источните региони и изрази загриженост заради влошувањето на ситуацијата.

ubieni-novinari-ukraina (5)

 

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Лавров: Западот почнува да сфаќа дека ќе остане само дел од Украина

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Украина денеска го затвори својот парламент од безбедносни причини

Горан Наумовски

Две лица загинаа во Суми, 12 се повредени

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски