Арапската лига ги обвини денеска џихадистите од групата „Исламска држава“ во Ирак, дека вршат злосторства против човештвото со прогонот на заедницата јазиди.
Генералниот секретар на организацијата Набил ал Араби во коминике бара одговорните за овие злосторства да бидат исправени пред правосудството.
Офанзивата на „Исламска држава“ во последните денови прогони над 200.000 лица од реонот на најголемиот христијански град во Ирак Карадош (меѓу Мосул и Ербил) и на Синџар (западно од Мосул), каде е фокусирано населението од курдската немуслиманска заедница на јазидите.
Голем број протерани од домовите од џихадистите претставници на заедница се кријат во блиските планини и се загрозени да умрат од глад и жед.