Соработникот во астрономското друштво „Руѓер Бошковиќ“, Бранко Симоновиќ изјави дека бројот на ѕвезди кои што паѓаат, во ноќта помеѓу вторник и среда ќе биде поголем од вообичаено, бидејќи метеорскиот рој „Персеида“ тогаш ќе биде на врвот.
Тој објасни дека метеорскиот рој „Персеида“ се случува секоја година во оваа време и дека тогаш бројот на ѕвезди кои што паѓаат ќе биде многу поголем.
Симоновиќ ја демантираше веста на британскиот „Телеграф“ дека синоќа можеше да се набљудува таканаречената „Супер-Месечина“, бидејќи Месецот ќе се најде во точка во која што е најблизу до Земјата, затоа што вели дека „Супер-Месечина“ како поим не постои и дека тоа е тврдење на поединци.
Е. Г.