Основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж го советуваше поранешниот соработник на американската Национална агенција за безбедност НСА, Едвард Сноуден да биде внимателен доколку одлучи да патува во странство, откако Русија му дозволи престој во државата.
-Советувам да биде исклучително внимателен при патувањата, поради неговата физичка безбедност-рече Асанж во тек на видеоконференција, одржана на форум посветен на слобода на говор во Мексико Сити.
Сноуден минатата година од САД побегна во Хонг Конг, од таму во Москва, за да одлета за Еквадор. Но, американските власти му го поништија пасошот и тој од 23-ти јуни остана во главниот град на Русија.
Поранешниот соработник на ЦИА и НСА на медиумите им предаде материјали за програми за електронско следење на интернет и поради тоа во САД го обвинуваат за објавување доверливи информации.
Е. Г.