Јужен Судан поради нов бран насилства на границата, се наоѓа пред хуманитарна катастрофа. На државата и се заканува долг внатрешен конфликт, предупреди помошникот генерален секретар на ОН за мировни операции Едмонд Муле.
Тој вели дека поради насилствата во државата раселени се над милион луѓе, а околу половина милион други побегнале преку границите.
Според него, само оваа година речиси 500 илјади деца се во смртна опасност поради неухранетост. Муле вели дека меѓународната заедница треба да усвои колективни мерки за да ги донесе завојуваните страни на преговарачка маса.