Обама најави 33 милијарди долари за зајакнување на економските врски со Африка

Од:

Американскиот претседател Барак Обама најави 33 милијарди долари, државни средства и приватни инвестиции, за зајакнување на економските врски со Африка, во рамки на тридневниот американско-африкански самит во Вашингтон.

Околу 14 милијарди долари инвестиции ќе бидат од приватниот сектор, од компании како „Кока Кола“ и „Џенерал Електрикс“.

Обама најави уште 12 милијарди долари за иницијативата „Пауер Африка“ од приватниот сектор, Светската банка и Шведска. Проектот има за цел да обезбеди електрична енергија за 20 милиони нови домаќинства во Африка.

Според Обама, американската трговска размена со африканскиот континент е речиси еднаква со тргоската размена со Бразил, како и дека само еден процент од американскиот извоз е наменет за Субсахарска Африка.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија