Американските федерални власти располагаат со информации дека по Едвард Сноуден се појавила некоја нова личност што предава на медиумите доверливи државни податоци, објави Си-Ен-Ен повикувајќи се на неименуван американски претставник.
Доказ за тоа се новите податоци објавени на сајтот „Интерсепт“ на Грен Гриндалд, што претходно објави и податоци добиени од Сноуден.
Главна тема на новите објавени информации е зголемувањето, откако Барак Обама е претседател на САД, на базата на податоци на американските власти со имиња на познати терористи или лица за кои постои сомневање дека се терористи.
Интернет страницата се повикува на документи на американскиот Национален антитерористички центар од август 2013 година, кога Сноуден веќе доби азил во Русија.