Ватерполо одборот во Струга бара соодветни услови за професионално функционирање на ватерполо-клубот.
Тренерот на пливачкиот клуб „Струга“ Ацо Ѓуроски информира дека прават напори да се постават голови во реката Црн Дрим, бидејќи, според него, ватерполото е спорт кој бара соодветна длабочина на водата.
– Ватерполо одборот бара начин како да почне да функционира ватерполо-клубот. Ако ги нема потребните стандарди и длабочината на водата тогаш не може да се игра професионално ватерполо. Затоа почна една иницијатива за поставување голови во Црн Дрим и сметам дека оваа година би требало да се реализира, ијзави Ѓуроски.
Тој посочи дека Клубот располага со неопходните спортски реквизити.
– Имаме ватерполо капи, топки, головите се во добра состојба, ќе се набават и бањарки, што значи потребна ни е само длабока вода. Во моментов единствена алтернатива е реката Црн Дрим, бидејќи немаме соодветен базен, додаде Ѓуроски.
Ватерполо натпреварите, кои се играле во отворениот и затворениот базен пред три-четири децении претставувале атракција за љубителите на водените спортови во Струга. Ватерполо-клубот од Струга бил еден од најуспешните клубови во поранешна Југославија, со свои претсавници во тогашната југословенска ватерполо репрезентација.