Екипата на Манчестер Јунајтед триумфираше во финалето на Интернационалниот куп што се играше во САД. Во финалето одиграно ноќеска во Мајами го победија големиот ривал од Премиер лигата Ливерпул со 3:1.
Први во водство дојдоа играчите на Ливерпул со голот од пенал на Стивен Џерард во 14.минута. „Црвените ѓаволи“ изедначија преку Вејн Руни во 55.минута, а само две минути подоцна Хуан Мата донесе водство за Манчестер Јунајтед од 2:1. Конечниот резултат во 88.минута го постави Џеси Лингард.
Вејн Руни е прогласен за најдобар играч на турнирот, додека Стеван Јоветиќ од Манчестер Сити е најдобар стрелец со 5 голови.
На турнирот настапија 8 екипи, а минатата година победник беше Реал Мадрид.