Македонската пливачка Анстасија Богдановски постави нов национален рекорд. Таа утринава на Шампионатот во Сент Морис, Мериленд (САД) на 100 метри грбно исплива време 1:05.46 минути, доволно за златен медал.
Овој резултат е за една секунда и 36 стотинки подобар од досегашниот македонски рекорд поставен исто така од Богдановски пред еден месец.
Македонската пливачка два нови македонски рекорда (200 метри слободно и 100 метри слободно) постави вчера.