Пелегрини: Постои можност Лампард да не игра против Челзи

Од:

Менаџерот на Манчестер Сити, Мануел Пелегрини за англиските медиуми изјави дека постои можност Френк Лампард да не го игра натпреварот против неговиот поранешен клуб Челзи.

– Френк е фудбалер на Манчестер Сити и ќе игра на секој натпревар кога ќе сметам дека е потребно да е во составот. За шпекулациите дека тој нема да биде на теренот кога ќе играме со Челзи, само ќе кажам дека се уште ништо не е одлучено. За таквата можност ќе разговарам со Лампард, истакна чилеанскиот стратег.

Пелегрини додаде дека Лампард е многу важен играч за Манчестер Сити и очекува со неговото доаѓање да има опција плус за многуте натпревари во новата сезона.

– Лампард знае дека доаѓа во квалитетен тим и дека на неговата позиција имаме доста играчи. Тој ќе треба да се избори за место во тимот. Верувам дека ќе го направи тоа. За нас е многу важно што е во тимот, бидејќи ќе играме голем број натпревари, рече менаџерот на „граѓаните“.

Искусниот Лампард во преодниот рок потпиша за Њујорк Сити, но американската фудбалска МЛС лига почнува во март, а до тогаш екс фудбалерот на Челзи како позајмен играч ќе настапува за Манчестер Сити.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска