По примерот на ракометната СЕХА лига и кошаркарската АБА лига, од септември ќе стартува силна Регионална лига во ватерполо. Во првата сезона ќе настапуваат 15 екипи од Хрватска, Србија, Црна Гора и Словенија.
Најмногу членови во лигата дава Хрватска, вкупно осум: Младост, Југ, Медвешчак, Пошк, Јадран, Приморје, Морнар и Опатија. Србија ќе учествува со три претставника: Партизан, Црвена звезда и Раднички Крагуевац.
Три екипи ќе има и Црна Гора: Јадран, Будва и Приморац.
Единствениот словенечки претставник во лигата е Браник. Во втората сезона учество ќе изборат десетте најдобри од првата сезона и два клуа од квалификациите.