Исла година дена во Квинс Парк Ренџерс

Од:

Чилеанскиот фудбалер Маурисио Исла од Јувентус следната сезона ќе го носи дресот на Квинс Парк Ренџерс како позајмен играч.

Спортскиот директор на Јувентус Бепе Марота денеска потврди дека Исла следната година ќе игра во тимот од Лондон.

– Договорот е направен. Останува уште Исла да ги помине лекарските прегледи. Постои можност КПР на крајот од сезоната да го откупи неговиот договор, изјави Марота.

Исла во 2012 година од Удинезе направи трансфер во Јувентус, клуб за кој одигра 41 натпревар.

За чилеанската репрезентација има настапувано 47 пати и постигнато два гола, а играше и на Мундијалот во Бразил.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска