Македонската пливачка Анастасија Богдановски постави нов македонски рекорд на 100 метри слободно на шампионатот што се одржува Сент Морис, Мериленд.
Богдановски патеката од 100 метри ја исплива за 56.50 секунди и за 11 стотинки го подобри досегашниот рекорд што беше исто така во нејзина сопственост поставен на натпревар во Шарлот, САД, во мај годинава.
Постигнатото време на македонската пливачка и го донесе и првото место. Со овој резултат Анастасија Богдановски обезбеди учество (постигна норма) на Светското првенство што следната година ќе се одржи во Казањ, Русија.