Камерунецот Самуел Ето може да се случи и следната сезона да настапува за екипа од Премиер лигата. Откако се повреди напаѓачот на Вест Хем, Енди Керол (се очекува да отсуствува четири месеци) оваа екипа ќе се обиде да го донесе во своите редови Ето, кој ланската сезона ја заврши како играч на Челзи.
Во дресот на „сините од Лондон“ Ето одигра 12 натпревари и постигна шест голови, од кои четири во Премиер лигата. По завршувањето на сезоната Ето беше поврзуван со евентуален трансфер во Арсенал, КПР и во неколку екипи од Серија А.
Камерунецот досега има играно за Реал Мадрид, Еспањол, Мајорка, Барселона, Интер, Анжи и на 608 натпревари има постигнато 303 голови.