Џери Коланџело потврди дека Кевин Лав нема да настапи на Мундобаскетот во Шпанија оваа година.
Како главна причина за неиграњето е нерешениот клупски статус, бидејќи постојат многу најави дека би можел да си замине од Минесота, а веќе се почнати преговорите со Кливленд.
Лав не очекува неговата ситуација да се реши до утре кога почнуваат подготовките на националниот тим и ја информираше својата селекција дека треба да пронајде замена за неговата позиција.