Еден од најпознатите клубови во светот во најсилната кошаркарска лига NBA – Лос Анџелес Лејкерс, во неделата го доби новиот тренер, неговиот поранешен играч Бајрон Скот.
Сега 53-годишниот Бајрон Скот потпиша четиригодишен договор, а на местото тренер на клубот од Лос Анџелес ќе го замени Мајк Д’Антони, кој даде отказ уште во април годинава.
За Скот Лејкерсите се четвртиот клуб во неговата тренерска кариера. Како играч за „езерџиите“ настапуваше во 1980-те, заедно со легендарните Ирвин Меџик Џонсон и Карим Абдул Џабар.