На последниот натпреварувачки ден на Европското првенство во ватерполо кое се одржува во Будимпешта Унгарија, денеска на програмата се двата натпревари во машка конкуренција по кои ќе бидат познати носителите на медали.
Во дуелот за бронзениот медал актуелниот олимписки првак Црна Гора за противник ќе ја има селекцијата на Италија. Овие две репрезентации веќе одиграа меѓусебен натпревар на ова Европско првенство и тоа во првата фаза по групи кој заврши без победник 6:6. Мечот за 3.место ќе започне од 18:30 часот.
Во дуелот за шампионскиот трофеј, односно златниот медал ќе играат домаќинот Унгарија и актуелниот европски шампион Србија.
Унгарците, кои се најтрофејна нација на завршниците на европските ватерполо првенства и досега имаат освоено 12 златни медали, се надеваат дека конечно по 15-години повторно ќе застанат на највисокото место на пиедесталот.
Надежта дека можат да ја симнат Србија од тронот е дополнително подгреана, имајќи во предвид дека во првата фаза од првенство домаќините ја совладаа Србија со 8:6.
Финалниот натпревар меѓу Унгарија и Србија ќе започне во вечерниот термин од 20 часот и 30 минути.