Женската репрезентација на Шпанија ја освои титулата Европски шампион во ватерполо.
Холанѓанките во финалето на Европското првенство кое се одржува во Будимпешта Унгарија, ја совладаа селекцијата на Шпанија со 10:5 и го освоија златниот медали.
Во дуелот за бронзата домашната репрезентација на Унгарија со 10:9 ја победи селекцијата на Италија.
Денеска беа одиграни и натпреварите за пласман од 5 до 10 место на машкиот дел од првенството.
Германија ја победи Франција со 14:13 во дуелот за 9.место, Шпанија со 8:7 беше подобра од Романија и го освои 7.место, а олимпискиот шампион Хрватска со победата над Грција од 11:7 на крајот Европското првенство го заврши како петто пласирана репрезентација.
Утре (недела) ќе бидат одиграни и натпреварите за медал во машка конкуренција и тоа. од 18:30 часот Италија и Црна Гора ќе се борат за бронзата, а од 20:30 часот за златниот медал ќе играат домаќинот Унгарија и актуелниот европски шампион Србија.