Манчестер Сити ги промовира новите дресови

Од:

Актуелниот шампион на Англија, екипата на Манчестер Сити ги промовира новите дресови со кои ќе игра во претстојната сезона 2014/2015.

Популарните „Граѓани“ светло сините дресови ќе ја заменат со темно сини и жолта боја, дресови кои фудбалерите на Манчестер Сити ги носеа во плејоф натпреварот 1999 година, при нивното враќање во Премиер лигата.

Цената на дресовите или комплет опремата ќе чинат од 68 до 96 американски долари, а фановите на англискиот шампион ќе може да ги купуваат почнувајќи од вторник 29 јули.

Сезоната „Граѓаните“ ќе ја започнат на 14 август за кога е закажан дуелот од Супер купот против Арсенал, додека одбраната на титулата во Премиер лигата Манчестер Сити ќе започне три дена подоцна (17 август) кога во рамките од првото коло ќе му гостуваат на Њукасл.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска