Различни шпекулации за несреќата со алжирскиот авион

Од:

Покрај теоријата дека алжирскиот авион се уранал поради тоа што снемал гориво, се шпекулира и дека леталото е соборено или можеби грабнато. Сепак за најверојатна причина, за несреќата на авионот на „Ер Алжир“ кој се урна над северен Мали, при што загинаа 110 патници и шест членови на екипажот, се лошите временски услови. Речиси не е можно да се случила таква грешка и авионот да остане без гориво по само 50-минутен лет, иако е можно леталото некако да залутало и паднало во последните неколку часа од летот.

Покрај таа теорија постојат и шпекулации дека авионот е грабнат, со оглед на тоа што најмалку шест летала на „Ер Алжил“ досега биле грабнувани. Една од помалку веројатни причини за падот е дека авионот е соборен, бидејќи во Мали беснеат судири, а таму е на сила и предупредување за прелетување. Меѓутоа во Мали нема системи кои се способни да урнат комерцијални летови на висина од 10 километри.

Со оглед на тоа што е објавено дека пилотот барал промена на курсот, поради слаба видливост, силното невреме и близина на друг комерцијален авион, постои мислење дека лошите временски услови се причина за пад на леталото. Француски официјални лица соопштија дека истражителите заклучиле дека алжирскиот авион се распаднал во тек на судир со земјата, што укажува на тоа дека леталото најверојатно не е нападнато.

-Авионот е уништен во момент на падот- изјави францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев и додаде дека во овој момент ниту една теорија поврзана со несреќата не може да се исклучи. Истовремено францускиот министер за сообраќај, Фредерик Кувилије рече дека мирис на нафта на местото на несреќата и фактот дека остатоците се расфрлани на релативно мало подрачје, укажуваат дека причина за трагедијата се лошите временски услови или технички проблеми, пренесе „Ројтерс“.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Боксерката Келиф во неочекувано издание: Со објава го возвраќа ударот

Предраг Петровиќ

Туристи залутаа во алжирски води, убиени се

Се зголемува бројот на загинати во пожарите во Алжир, земјата е под „напад“ на топлотен бран

Во Алжир падна снег

Горан Наумовски

Седумнаесет загинати во три инциденти со истекување гас во Алжир

Ана Ололовска

„Фајненшл тајмс“: Словенија планира да изгради гасовод до Унгарија за алжирски плин

А1он