Репрезентациите на Србија и на Унгарија ќе играат во финалето на Европското првенство во ватерполо што се одржува во Будимпешта. Европскиот првак Србија во драматичен дуел во полуфиналето со пресврт стигна до победата над Црна Гора со 10:9, иако на полувремето губеше со 7:4. Последната четвртина Србија ја доби со 3:0.
Во првото полуфинале домаќинот Унгарија ја совлада Италија со 8:7, а решавачката предност ја направи во првиот период што го доби со 3:1.
На другите натпревари за пласман од 7 до 10.место: Шпанија – Германија 16:8 и Романија – Франција 15:8. Во дуелот за 11.место Русија ја победи Грузија со 9:8.
Утре се играат натпреварите за распределба на медалите кај жените: Унгарија – Италија (за 3.место) и Холандија – Шпанија (финале).