Шпанија – Холандија во женското финале на ЕП

Од:

Женските репрезентации на Шпанија и на Холандија ќе играат во финалето на Европското ватерполо првенство кое се одржува во Будимпешта.

Шпанките во првото полуфинале ја совладаа домашната репрезентација на Унгарија со 9:8 (2:2, 3:3, 3:2 и 1:1).

На вториот полуфинален дуел вечерва се изведуваа пенали. Поуспешна беше селекцијата на Холандија со 12:11, додека Италија ќе се бори за бронзениот медал. Во основниот дел резултатот беше 8:8 (1:1, 4:4, 1:2 и 2:1).

Денешната програма беше отворена со средбата за 5.место. Русија беше поуспешна од Грција со 7:5. Гркинките на крајот од шампионатот се шести.

Утре ќе се играат полуфиналните мечеви во машка конкуренција: Унгарија – Италија и Црна Гора – Србија, како и натпреварите за пласман од 7-12.место.

Би можело да ве интересира

Италијанците ја совладаа црногорската ватерполо селекција во Париз

Хрватските ватерполисти ја победија Франција и се пласираа во финалето на Светското првенство

Италијанските ватерполисти се првите финалисти на Светското првенство во Доха

Ватерполистите на Франција ја совладаа Унгарија и се пласираа во полуфиналето на Светското првенство

Хрватска ја совлада Србија со резултат 15:13 и се пласираше во полуфиналето на СП во Доха

Ватерполистите на Италија се пласираа во полуфиналето на Светското првенство