Неверојатниот Винченцо Нибали победи на 18. етапа од По до Отакам во должина од 145 километри.
На оваа етапа се возеше популарниот рид Турмале, а Нибали, иако немаше потреба да напаѓа го стори тоа и доминантно ја заврши етапата.
Популарната „Ајкула од Месина“ ја зголеми предноста пред Пино на 7:10 минути во генералниот пласман.
А блиску беше и до точкестата маичка денеска освои 50 поени и сега има вкупно 168 поени, меѓутоа Рафал Мајка не го дозволи тоа и се пласира на третото место собра 32 бода со што ја обезбеди точкестата маичка за крајот на Елисејските полиња со 181 поен. Тој е првиот Полјак кој го остварил тоа.