Првите два авиони со посмртните остатоци на жртвите од урнатиот малезиски авион МХ17 слетаа на аеродромот во Ајндховен во Холандија.
Со холандски и австралиски воени авиони се пренесени тела на 40 жртви во Холандија, пренесе „Франс прес“.
Авионите полетаа од Харков по церемонијата со која што им се одаде почит на жртвите, а на аеродромот ги дочекаа бројни роднини, како и холандскиот премиер Марк Рут и кралот Вилијем Александер.
Е. Г.