Левичарско движење „Солидарност“, се огласи преку соопштение, со подршка за протестите против поскапувањата.
Левичарското движење „Солидарност“ , велат, ги поддржува протестите на граѓанската иницијатива АМАН во целост. Сите активисти на ЛД Солидарност, како граѓани, се активно вклучени во граѓанската иницијатива АМАН од самиот почеток и ќе останат ангажирани се до усвојувањето на барањата.
„Ги повикуваме народот да го изрази својот револт од индолентниот однос на надлежните институции и да застане во одбрана на Уставот на Република Македонија, во кој во Член 1, Македонија се дефинира како суверена, самостојна, демократска и социјална држава, а во Член 8, како дел од темелните вредности на кои почива уставниот поредок, меѓу другото, се наведени: хуманизмот. солидарноста и социјалната правда“, стои во соопштението.
Упатуваат апел до синдикатите, граѓанските здруженија, работниците, пензионерите и интелектулаците да излезат на протестите во што поголем број и да го одземат легитимитетот на политиките кои водат кон осиромашување и оттуѓување на народот.