На 17-та етапа на Тур де Франс од Сент Гуден до Сент Лари Пла Даде најбрз беше Полјакот Рафал Мајка кој постигна време од 3 часа 35 минути и 23 секунди за него ова е втора етапна победа годинава на Тур.
Втор целта ја мина Италијанецот Џовани Висконти со заостанување од 29 секунди, додека третопласиран е лидерот во генералниот пласман Виченцо Нибали со 46 секунди заостанување исто како и Французинот Перо.
Во генералниот пласман води Нибали со вкупно време 76:41.28 часа, пред Алехандро Валверде, кој има заостанување од 5:26 минути.